
Новиот тренер на Рома, Луис Енрике за следната сезона најавил убав и модерен фудбал кој ќе го презентира неговата екипа, додавајќи дека пример ќе им бидат Чави, Меси и Иниеста од Барселона.
“Имам намера во Италија да го воведам фудбалскиот стил на игра на Барселона. Откако сум во Рим се чувствувам одлично и сите се коретни кон мене. Навивачите ќе уживаат во нашите мечеви. Среќен сум и полн сум со емоции и едвај чекам да започнам нова авантура во животот со Рома.” рекол Енрике.