Луис Хамилтон (26) бил “фотографиран” во саботата навечер кога пристигнал во лондонскиот клуб Плејбој, а друштво му правела непозната бринета.
Хамилтон бил во друштво на Ешли Кол, Френк Лампард и Вејн Бриџ, но најголемо внимание предизвикала непознатата девојка.
На, својот Твитер профил, Луис напишал дека сите погрешно го разбрале и дека девојката која била со него е негова блиска пријателка, а не нова девојка.
Инаку, ѕвездата на Формула 1 ја прекина 4 годишната врска со Никол Шерзингер (33) само пред една недела, а наводно врската се распаднала бидејќи Луис не бил подготвен да има деца.
“Не сум подготвен да имам семејство”, му открил Луис на негов близок пријател, додавајќи дека Никол барала повеќе отколку што тој во овој период би можел да и пружи.