Мачките предизвикуваат рак на мозок! Чувајте се!

popara28 јули, 20111min00
machki

Паразитите кои се размножуваат во утробата на мачките се поврзуваат со рак на мозокот кај нивните сопственици. Покрај тешки болести, видлива била и необична промена во однесувањето.

Мачките можат да предизвикаат појава на рак на мозокот кај луѓето со кои доаѓаат во контакт, предупредуваат истражувачиве. За тоа ги обвинуваат паразитите кои се наоѓаат во утробата на мачките Toxoplasma gondii.

Се претпоставува дека третина од светската популација го носи овој паразит длабоко во мозокот, а со поврзува и со промената во однесувањето кај луѓето и кај животните.

Бремените жени се предупредени да не ги чистат тоалетите на мачките со песок. Француските научници собрале голема база на податоци за рак на мозокот кај мажите и жените и го споредиле со бројот на инфицирани со паразитот Т. Gondi. Се покажало дека ракот на мозокот е најчеста болест во оние земји каде е најраширена инфекцијата од овој паразит.

“Мислиме дека имаме доволно докази кои говорат дека T. Gondii може да го зголеми ризикот за појава на рак на мозокот кај луѓето“ изјавил раководителот на истражувањето Фредерик Томас, од CNR институтот во Монпелие.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag