Мадагаскар – место што ниедно друго неможе да го замени

popara14 август, 20111min00
Ifaty_beach_Madagascar

Мадагаскар е уникатно место на земјата. Всушност, ако ги земе предвид сите нешта во предвид, Мадагаскар едвај се квалификува како дел од Африка, двете се одделени стотици километри морска површина и 165 милиони години на еволуција, доволно долго за растенијата и животните на Мадагаскар да се равијат во едни од најчудните форми на живот на планетата. Никаде на друго место нема да видите 70 различни видови на лемури, од најголем до најмал камелеон во светот, земја каде последна летала и слоновата птица, најголемата птица која некогаш живеела.

Во близина на Ifaty во Јужен Мадагаскар ќе можете да видите шуми со извртени дрвја, дрвата баобаб кои имаат облик на шише. Не за џабе Мадагаскар се смета за место број 1 во светот кое треба да се зачува, бидејќи поседува најмногу видови на растенија и животни.

И луѓето кои живеат тука не се помалку чудни од самиот остров, стигнале пред 2000 години низ трговските патишта на Индискиот Океан, почнале да одгледуваат ориз во терасовидните полиња и зборувале јазик кој има повеќе заедничко со нивното потекло од Југоисточна Азија, отколку со африканскиот континент. Нивната култура е скована во табу и магија, скриени пештери, водопади, па дури и материјални предмети со надприродни својства. Луѓето најчесто тука живеат во повеќенамеснки куќи направени од цигли, со изрезбани балкони, а во некои области тие танцуваат со своите мртви предци во церемонијата наречена “вртење на коските“.

Обвиткани со пиратска историја, крајбрежја полни со потонати бродови, уникатна кујна, некои од најдолгите имиња на светот, љубезни и пријателски настроени луѓе, во Мадагаскар со сигурност ќе доживеете искуство кое ништо друго на светот нема да го замени.

Мадагаскар е најуникатниот остров на светот, погледнете зошто треба да го посетите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma