Магнезиумот ги опушта мускулите и нервите

popara19 јули, 20111min00
magnesium-foods

Одржете ја здравствената рамнотежа со секојдневно внесување на магнезум. Овој минерал е потребен за апсорпција на калциумот и калиумот, влијае на хормоналната слика, ги штити нервните завршетоци, спречува слабост на мускулите, срцебиење и пролив, а ги опушта мускулите и нервите.

Меѓутоа податоците покажуваат дека 40 проценти од луѓето, а дури 85 проценти од пациентите кои имале инфаркт страдаат од недостаток на магнезиум.

Магнезиумот спаѓа во групата “важни минерали”. Главната улога му е активација на многу ензими вклучени во создавање на енергијата на телото . Особено е важен за работата на срцето, контракцијата на мускулите и здравјето на нервниот систем. Магнезиумот исто така учествува во минерализацијата на коските и е неопходен за здравјето и виталноста на организмот.

Истражувањата ја потврдуваат важната улога на магнезиумот кај срцевите болни, кај оние кои страдаат од висок притисок, атеросклероза, дијабетис, нервна напнатост, раздразливост и немир, штити од мигрена и главоболка, препорачлив е при бременост и доење, пореметување на сонот, практикување на спорт и опстипација (запек).

Секојдневно преку исхраната треба да внесуваме375 mg магнезиум бидејќи тој не се создава во телото, а во денешната исхрана поради големиот удел на преработените шеќери, белиот леб, белото брашно, алкохолот и сл., магнезиумот се троши повеќе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag