Партизан се плаши да игра во Скопје!

19 јули, 20110
partizan

Генералниот секретар на ФК Партизан, Дарко Грубор истакнува дека сета одговорност во случај на евентуални инциденти на трибините во Скопје, ќе ја сноси домаќинот бидејќи покрај договорот на двата клуба и претставник на УЕФА, одлучи да ги пушти билетите во слободна продажба.

Шкендија пуштила во слободна продажба влезници за натпреварот, што значи дека навивачите на Партизан, особено оние во Македонија, може да дојдат на стадионот “Филип Втори“.

“Сета одговорност лежи кај организаторот на натпреварот, бидејќи ние однапред ги договоривме правилата и дека ќе нема продажба на влезници за гостинските навивачи. Така беше во Белград и се надевам дека така ќе биде во Скопје“, изјавил Грубор.

Според правилата на УЕФА, на Партизан треба да припаднат 5% од влезниците за реванш мечот, но “црно-белите“ одлучија да не земат карти, исто како што Шкендија немала навивачи во првата средба.

Управата на клубот неодамна апелирала на навивачите да не доаѓаат во Македонија за да се избегнат инциденти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi