Мајка и ќерка во 20 години три пати освоиле големи добивки на лотарија.
Американаката Кимберли освоила сто илјади долари во игри на среќа. Но, тоа не би било ништо чудно, доколку нејзината мајка немала веќе освоено два пати голема сума на лотарија.
Мајката и ќерката од Северна Каролина три пати добиле големи суми на пари во игрите на среќа, во последните 20 години, јавува BBC.
Мајката прв пат добила 15.5 милиони долари во 1991 година, а во 2007 година освоила 161.000 долари.