Мора ли Хилари да носи панталони? Не верувам:)

1 август, 20110
alg_clinton_gunn

Менторот на шоуто “Проект Писта” Тим Ган го критикува државниот секретар на САД кога станува збор за модата: Модниот гуру смета дека Хилари Клинтон е “збунета околу нејзиниот пол.”
“Таа е државен секретар, таа е поранешен сенатор на Њујорк, таа е поранешна прва дама на САД, зошто таа мора да се облекува на тој начин?” Ган го искажал своето мислење во шоуто на Џорџ Лопез. Тој додал: “Мислам дека таа е збунета околу нејзиниот пол, носејќи ги овие големи, широки машки пантолани.”
Тим смета дека државниот секретар во моментов треба повеќе да посвети внимание на модата, а помалку на политиката.
“Имам голема почит за нејзиниот интелект и нејзината издржливост и за се она што таа го прави за нашата држава во нејзината владина улога”, изјавил Ган за Клинтон. “Јас само посакувам таа да може да испрати посилна порака за американската мода.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *