
Скрантон, Пенсилванија – Лори Гарден и нејзиниот партнер Брајан Слебод Лориног, седум годишниот син го ставиле во мртовечки сандак во подрумот и го оставиле таму да стои цел ден.
Полицијата ја повикале соседите кои го чуле детето како бара помош. Кога стигнале на местото, го затекнале детето како седи во подрумот, а на себе имало само пелена. Плачеч бидејќи бил гладен, јавува Ројтерс.
Детето на полицијата им раскажало дека очувот го однел во подрум го затворил во мртовечкиот сандак и врз него ставил столче. Детето успеало да се извлече бидејќи не го залепиле со селотејп капакот на ковчегот.
Детето изјавило дека мајката и очувот често го казнувале и бил испрачан во подрумот, каде наводно живеат духови. Пелените му биле ставени бидејќи во подрумот нема ВЦ. По настанот, грижата за детето ја преземале социјалните служби, а мајката и очувот се во бегство.