Мајка ми ми купуваше хорс

popara17 август, 20111min00
droga-naslovna

Исповед на шеснаесет годишна девојка од Велика Британија

Проблематиката поврзана со хероинската зависност е доста распорстранета во современата култура и секојдневно оваа дрога си го зема својот данок.

Ја гледав како земаше хорс, под натстрешницата во градината, сеќавајќи се на секој детаљ од овој одвратен ритуално – па си помислив, дека би можела и јас да го пробам тоа. Не ни размислував колку е гротеско да земаш дрога пред својата мајка, па дури и заедно да ја користите, единствено ми беше важно да го земам својот дел.

Кога првпат пробав хорс, сé што беше пред мене ми стана “бело“. Потоа, нешто чудно ми проструи низ телото, со неверојатно страшна брзина од нозете па се до главата. Одеднаш, се стана сосема исправно, сите проблеми како да исчезнаа. Се чувствував како да лебдам – ја започнува својата исповед, младата Британка кој првпат пробала дрога на десет годишна возраст, и продолжува: тоа што го почувствував кога користев хорс за мене не беше ништо сензационално, за мене тоа беше речиси нормално. Мојата мајка Карен исто така “беше“ на хорс откако знам за себе. Во една прилика, кога имав само 7 години, мајка ми се предозира, а јас морав да отидам во болница за да им објаснам на лекарите што точно имаше земено.

Ја набљудував мајка ми како се дрогира, секој ден, секој дел од денот беше издрогирана. Најчесто користеше или хорс или крек, така што за мене беше нормално да ја гледам во ваква состојба. Воопшто не ми беше чудно, кога наутро не можеше да стане од кревет. Поголемиот дел од времето се чувствував како јас да сум мајката, а таа детето. Тоа за мене претставуваше секојдневност, за друг начин на живот, не знаев. Кога наполнив 12 години, мајка ми заврши во затвор, бидејќи беше дел од групата што имаше извршено неколку грабежи и во тој период живеев со татко ми и со неговата сопруга.

По 18 месеци, откако ја отслужи затворската казна, се преселивме кај баба ми да живееме. Посакувам тоа да не се случеше! Во прво време, сè беше речиси идилично: мајка ми престана да користи хорс, најде работа, започна да си го средува животот. Меѓутоа, набргу потоа започнаа кавгите помеѓу мајка ми и баба ми, а ние две за да ја избегнеме тензичната атмосфера, излегувавме надвор и седевме во градината. Станавме најдобри другарки. Почнавме поголемиот дел од времето да го поминуваме со нејзините стари пријатели, наркомани, а мајка ми повторно “се навлече“ на хорс.

Ја гледав како се дрогира, се сеќавам на секој детаљ: најпрво ќе отсечеше дел од парче фолија, ќе го ставеше хорсот и со чкорче ќе го загрееше…веднаш се претвараше во кафеава течност – потоа оваа смеса ја мешаше со тутун и ја пушеше. Еднаш ми падна на памет, дека би можела да пробам и јас. Ја искористив можноста кога немаше никој дома и почнав да пребарувам по работите на мајка ми. Воопшто не ми поминуваше низ глава за мизерната состојба во која се наоѓаше мајка ми. На некој начин, сметав дека дрогата мора да е нешто “проклето добро“, штом мајка ми постојано и се враќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag