Мајка на шест пара близнаци
27 јануари, 20110

Има многу жени кои се борат да се справат со своите деца но, мора да признаеме дека од сите нив мајката од Кенија е во најлоша позиција. Имено, таа е мајка на шест пара блицнаци. Досега имала шест бремености, и шест пати родила близнаци. Луѓето од Кенија сметаат дека таа и близнаците биле проколнати. Па да биде уште полошо, и нејзиниот сопруг ја напуштил. Сега 35 годишната жена живее сама со десет од дванаесетте деца, во една бедна куќа, на неколку милји од брегот на езерото Викторија.