Мајката на крвникот од Осло: Бев горда на својот син! Ма немој?!!!

popara25 јули, 20111min00
323094-anders-behring-breivik

Родителите на монструмот кој ја зави цела Норвешка во црно, изјавиле: Таткото – не бевме во контакт, шокиран сум! Мајката: бев горда на него, незнаев ништо за неговите намери.

“Читав весници на интернет кога одеднаш ја видов неговата слика и го прочитав неговото име. Бев во шок кога ја прочитав целата приказна и се уште сум потресен“, изјавил неговиот татко.

Таткото на крвникот, кој инаку не живее во Норвешка, навел дека тие двајца престанале да контактираат од 1995 година.

“Не сме се виделе ниту пак биле во контакт од неговата 15 или 16 година“, изјавил тој. Според неговите тврдења, Андрес бил тој кој сакал да престанат да контактираат, а му рекол на таткото дека сака да се пресели во САД“.

“Додека тој беше мал, беше обичен дечко, само малку ограничен. Тогаш политиката воопшто не го интересираше“, изјавил таткото, кој подоцна испратил мејл до редакцијата со следна содржина: “Чуствувам длабока тага и бес за она што се случи, и никако неможам да ги разберам полудените акции на Андрес. Со него не сум во контакт од 1995 година и апсолутно невозможно е да сфатам како можело нешто вакво да се случи“,

Додека пак мајката на крвникот од Осло, која живее во Норвешка, била испрашувана во полиција, каде изјавила дека не знаела ништо за намерите на својот син. Една од нејзините пријателки изјавила дека таа била многу горда на својот син.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag