Мајкл Даглас за прв пат јавно проговорил за својата болест

27 октомври, 20110
michael_douglas_suit_walking

Мајкл Даглас во една американската програма што ја води Алек Болдвин, негов голем пријател, актерот за прв пат јавно проговорил за својата тешка битка со ракот.
Се започна со болка во грлото, но никој не можеше да открие за што точно станува збор. Половина година подоцна, Даглас решил да посети специјалист.
– Најдов специјалист за уво, нос и грлото во Монтреал. Јас никогаш нема да го заборавам моментот кога ми ја отвори устата и го погледна јазикот, тогаш точно знаев за што станува збор, признал актерот.
Холивудскиот ветеран кој е во брак со актерката Кетрин Зита Џонс, два дена по биопсијата на грлото, добил и официјална потврда дека боледува од рак на грлото и дека болеста е во најлоша фаза.
Сепак, иако болеста била толку напредна, Даглас веднаш започнал со третмани на хемотерапија кои траеле седум недели, по што на актерот му се подобрила здравствената состојба.
Сега навистина му е жал што порано не забележал дека станува збор за сериозна болест, бидејќи последиците можеле да бидат многу полоши. Овој потресен настан го натерало актерот да забави со неговата кариера.
– Ќе одмарам и ќе уживам со моето семејство до крајот на годината, изјавил Мајкл Даглас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi