Мајкл Лохан уапсен… ПАК

28 октомври, 20110
lohan_20111027053717_320_240

Мајкл Лохан штотуку беше повторно уапсен во Флорида, откако ја контактирал својата девојка Кејт Мејор—од полициските органи тврдат дека пробал да избега со скокање од балкон на трет кат, полицијата тврди дека бил под дејство на алкохол и дрога.

Според извори од полицијата во Тампа Беј, тие реагирале на повик рано утринава во кој Кејт тврдела дека Мајкл пробувал да ја исконтактира преку телефон и не ја оставал на мира.

Ни беше речено дека полицајците интервенирале на повикот и и поставувале прашања на Кејт во нејзиниот стан, истиот стан каде што Мајл пред неколку дена наводно и направил модринки. Дур биле таму на должност, Мајкл се јавил уште еднаш.

Полицајците тогаш утврдиле дека Мајл е “опасност” – па така отишле према неговата хотелска соба за да го уапсат.

Но тука почнува лудиот дел- Мајкл пробал да избега скокајќи од неговиот балкон на 3ти кат( на 10 метри висина) и паднал на некои дрвени столици и потоа се обидел да се скрие меѓу дрвјата во близина.

Откако полицајците го совладале, Мајкл бил уапсен за кршење на спогодбата за негово ослободување пред судењето ( најверојатно имал забрана да ја контактира Кејт) , како и за пружање отпор при апсење.

Мајкл моментално е назад во притвор – во истиот затвор од каде што беше ослободен пред помалку од  12 саати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi