Ниту еден маж неможе да одолее на шармот на блондинките. Светла кожа, руса коса и изразен поглед е најсилното оружје на повеќето русокоси девојки кои за мажите се едноставно неодоливи. Меѓутоа за да ефектот биде поимпресивен послужете се со нашите совети за користење на идеална шминка која ќе ги потенцира вашите адути:
Изборот на совршена шминка за природните русокоси зависи од нијансата на косата и бојата на очите, додека за русокосите девојки со фарбана коса важно е да се земе во предвид и бојата на тенот.
Русокосите девојки со природна боја на коса најчесто имаат сини очи и благодарени е на светлиот тен кој е доволно само понекогаш малку да го “оживеете” со розово руменило. Ако косата ви е малку потемна нијанса, одлично ќе се вклопи праска боја руменило.
Make-up за очи
За да изгледате поприродно, очите треба да ги нагласувате со нежни нијанси. Затоа, црното моливче, тушот и маскарата заменете ги со кафени или сиви. Покрај тоа што ви е косата светла и нијанските на сенките што ги коритите треба да бидат нежни. Бојата на сенката бирајте ја во согласност со бојката на очите: сино-сиви нијанси одлично ќе се вклопат на русокосите со сини очи, додека оние со кафени очи треба да се одлучат за сива или кафена нијанса.
Make-up за усни
За секојдневен природен изглед на русокосите, идеални се светлите нијанси на кармин или сјај за усни, по можност без светки, а за вечерниот изглед совршено ќе се вклопи розов или корална нијанса на кармин или сјај.