Проституција – Тие единствено го продаваат своето тело

8 јуни, 20112
PROSTITUT_galvena

Најстариот занает или попознат како “најстарата професија” – проституцијата, претставува последното средство преку кое многу очајни девојки и жени го користат за да заработат за живот.

Уличните проститутки обично работат на фреквентни места во градот, додека пак проститутките во борделите се релативно подобро заштитени во поглед на здравствените услуги  и имаат поголема безбедноста.

Најголеми бордели има во Косово, пред сé поради големото присуството на странски трупи.

Проститутките се често жртви на трговијата со луѓе – стануваат бело робје, во сопственост на макро кој секојдневно ги искористува нивните тела.

Исто така, постои и “секундарна” проституција, она што се крие позади рекламите за масажа или услугите за придружба на интернет и во весниците. Девојките кои се занимаваат со проституција во оваа област може самите себе да се заштитат, бидејќи имаат можност да ги проценат клиентите врз основа на телефонските разговори. Цената на масажа, вклучувајќи ги класичниот и орален контакт изнесува околу 50 евра за половина час.

Дневно може да се заработи повеќе од просечната плата на една келнерка која се заработува за период од шест месеци.

Ана – 21 годишна девојка од Белград работи како проститутка веќе неколку години под псевдонимот Анабела. Откако ја наговорила најдобрата другарка, ставила реклама во весник и многу брзо после тоа почнале да и се јавуваат лица на различни возрасти. На почетокот не работела секојдневно, затоа што парите кои ги заработувала за еден ден и биле повеќе од доволно.

“После пет дена работа имав повеќе пари, за разлика ако работев шест месеци во кафич. Не размислував за последиците, дури ни сега не размислувам, единствено од што се плашам е полицијата. Можам многу лесно да утврдам дали клиентот има сексуално пренослива болест или не, но за секој случај користам кондом. Во овој бизнис има многу интересни работи, запознавам нови пријатели, пријатели кои се на високо место…така што секогаш имам на кого да се обратам”, раскажува Ана.

Сепак, Ана признава дека неколку пати доживеала непријатни ситуации.

“Со помладите секогаш имам проблем, бидејќи речиси во најголем број случаи сакаат да избегнат употреба на кондом и тогаш следува половина час разговор, додека не сфатат дека не постои друг начин. Оженетите се посебна приказна, тие повеќе сакаат да разговараат отколку да имаат секс. Имам редовни муштерии на кои им глумам дека сум им мајка, сопруга или психотерапевт. Со некои сум одела и на одмор, но во тој случај тарифата ми е многу повисока, така што како поминуваат годините така дел од нив ги чувствувам и како пријатели”, вели Ана.

За својата иднина размислува со  огромна доза на оптимизам. Верува дека за неколку години ќе може да собере доволно пари за да отпатува далеку и да започне нов живот. Воопшто не се срами од тоа што го работи, бидејќи има јасно зацртана цел.

“Ми се допаѓа брзиот начин на живот и сакам авантури, па оваа работа ме исполнува, а во истовреме ми дава можност да заработам пари. Јас не сум како другите девојки, јас сакам да ги менувам мажите. Немам работно време, работам само кога сум во расположениена и сеуште не размислувам за повлекување”, раскажува Ана.

Сé додека постојат мажи кои ќе платат за секс ќе постојат и проститутките.

Надја е средовечна дама. Нејзиниот изглед, облека и однесување, во ниеден момент не оддава со што се занимава, иако последните седум години е дел од овој бизнис. Напротив, стајлинг потсетува на современа бизнис жена од насловните страници на модните магазини.

“После разводот јас останав без покрив над главата, а старателството над син ми  судот одлучи да го додели на мојот поранешен сопруг, бидејќи во тоа време јас немав работа. Ги слушнав приказните за масажа низ салоните и еден ден се одлучив да се јавив на еден од огласите. Така започна се…првите две години работев во салон во центарот на градот, каде што добивав процент според сработеното – повеќе клиенти, повеќе пари. Но, кога конечно сфатив дека сопственикот на салонот секој ден заработува огромна сума на пари, а мене ме третира како стока, решив да се обидам сама “, вели Надја.

Сепак, имала страв на почетокот, бидејќи немало кој да ја заштитува, но многу подобро заработувала.

“За жал, иако добро заработувам, дел од мојот морал полека почнува да исчезнува, а ми останува само чувството и потребата за пари. Во еден момент сакав да престанам, но си реков – тоа е работа како и секоја друга. Го продавам моето тело, но не ја продавам и душата, исто како што другите го продаваат своето знаење… Денес, после толку години, јас сум свесена што работам, не ми се допаѓа тоа, но со парите можам да си обезбедам многу нешта. Да ​работам на својата струка сигурно не би имала доволно пари да го школувам своето дете, за убав и луксузен живот, за патување… Нешто мора да се жртвуваш, можеби она најсветото, но на крајот се навикнувате “, продолжува Надја и на крај додава:

“Јас не крадам, не убивам, само го нудам тоа што можам да го продадам. Сите оние кои ги осудуваат проститутки, треба да сфати дека ние не сме самите виновни за тоа што го работиме. Бидејќи доколку не постојат мажи кои ни плаќаат ние не би постоеле.“

Дали е ова некоја болест или друга начин да се заработи за да се преживее?

2 comments

  • hahhaha

    12 октомври, 2012 at 04:41

    Ile koga vo amerika i germania ke se legalizira marihuanata togash i kaj nas javni kukji ke se otvorat hahahahahaha

    Reply

  • ile

    8 јуни, 2011 at 15:48

    Кога кај нас ќе се отворат Јавни Куќи..????

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma