Македонците јадат колку што работат! :)

popara13 декември, 20111min01
sk

Македонците на јадење и пиење дневно трошат исто време колку и за работа, односно нешто повеќе од два часа.

Македонците на возраст од 20 до 74 години во просек дневно работат 2 часа и 18 минути, додека за консумирање на храна и пијалоци дневно издвојуваат 2 часа и 8 минути, утврдил Државниот завод за статистика.

Статистичките анализи покажале дека македонците од 24 часа, дури 35% од времето, односо 8 часа и 32 минути  издвојуваат за спиење.

За слободни активности мажите одвојуваат 5 часа и 45 минути, додека жените 4 часа и 46 минути.

Меѓутоа, мажите не се докажале во домашните активности, а статистиката покажува дека тие 1 час и 17 минути од денот посветуваат за домот, за разлика од жените кои за тоа посветуваат 4 часа.

Она што сакаат македонците да го прават е да зборуваат на мобилен, користењето на мобилни во Македонија е рамо до рамо со високо развиените земји, а 81,9% од семејствата имаат  најмалку еден мобилен телефон.

Околу 47% од домаќинствата располагаат со компјутер кој е поврзан на интернет. Во Македонија скоро и да нема дом кој не поседува телевизор, па така 97,2% од населението има колор телевизор.

Машините за перење алишта има во 89,4% од домаќинствата, додека машини за перење садови 11,6%.

One comment

  • Marko

    17 декември, 2011 at 10:56

    Ne mie jasno kako moze rezisesot Dzulijani od ,,Red produkcija ,,da bara dvojnik za nov spot
    sto ce snima za nasiot angel Tose. Da vi kazam deka toa ic nee humano da se bara dvojnik. No koj i da go najdat nema ic ama ic vo nikoj slucaj da nalikuva na Tose.
    Tose e eden i ce ostane eden. Da ne se mesame vo tudzi raboti .i vo tudz zivot.
    Sto velese Tose sto e toa vo ljuzdeto tazno da ziveat vo zivoti tudzi,koj vo moeto minato
    plovi sosem mirno i bez da se srami. Reziseru treba sram da ti bide..

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma