Македонски бон-тон за на плажа

popara22 јули, 20111min02
thebeach

 

  1. Стани во 4 сабајле и зафати 6 лежалки- 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се у кревет и спиј до 12 на пладне.
  2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрата – 5 за пешкирот и 3 за апостолките
  3. Треба да се понесе лап топ, ајпод, блекбери, камера, транзистор и апарат за да се прати слика на фејсбук.
  4. Книга не смее да се носи, тежи.
  5. Ако немаш сунцобран, намести се така сунцобранот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале.
  6. Радиото треба да свири турбо фолк, а мобилниот Бах.
  7. За деца до 12 г нема потреба да се инвестира во купачи. Деца се.
  8. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.
  9. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е алфа-мејл.
  10. Најголем гушт е лубеница да се јаде на плажа, а корупките да се остават ПОКРАЈ кантата. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата
  11. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е лејди
  12. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Врање 5 лежаљки подалку од твојата.
  13. Ако не ти е е сменета постелината сабајлето, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш.
  14. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол инклузив!
  15. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси, после да заспијат поубаво.
  16. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дур од Македонија па не се слуша
  17. Купачите најубаво се сушат опнати на сунцобранот горе.
  18. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во ист тањир – кој вика дека не идат риба и баклава?
  19. Не си бил на море ако не купиш оригинален Луј Вутон на плажа.
  20. На децата им купуваш свирчиња, зашто вувузелите се потрошиле.
  21. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре.

2 comments

  • ivan

    22 јули, 2011 at 18:40

    hehe, za pozdravo si vo pravo vo Makedonija tie prodavnici se vikaat se za “99” denari

    Reply

  • Popara fan:)

    22 јули, 2011 at 12:45

    Ste ispustile deka kaj sto ima prodavnici “se po edno evro” prodavnicata krca od makedonci i najcesto tuka se kupuva za cela familija pozdrav od odmor…:D

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag