Македонските кралеви од Аргејците и Антигонците – I дел

27 јуни, 20110
Ancient-Macedonian-Shield-800x600

Овој текст е напишан од Петар Воденски. Има нагласка дека е во спомен на Лазар Газепов.

Газепов е автор на книгата “ Критичка анализа на александровата анабаза “ во која тој докажува дека Грците ја присвоиле историјата на Античка Македонија за да ја присвојат и накитат со славна историјата, а и за да ја оправдаат окупацијата на делот од Македонија (Егејска).

Кон текстот е приложено и генеалошкото дрво на македонската династија:

Генеалошкото дрво на макдонската династија на кралевите и царевите изгледа вака:

Пердика; 2) Аргео (653-621 г.п.н.е); 3) Филип I; 4) Аероп I; 5) Алкет I; 6) Аминда I; 7) Александар I (498 г. п.н.е.); 8) Пердика II; 9) Архелај 413-393 г.п.н.е.); 10) Орест; 11) Аероп без познато колено; 12) Павсанија, син на Аероп; 1) Пердика II малиот; 14) Аминда III; 15) Александар II; 16) Еврионој; 17) Птоломеј, син на Алор од непознат произход; 18) Пердика III; 19) Филип II (359); 20) Аелксандар III великиот; 21) Александар IV со Филип Аридео; и 22) Иракли (315.г. п.н.е.).

Наброените 22 кралеви се од династијата на Аргејците (Аргеади),а спомнувани и како Темениди. По нив имаме династија на Антигонидите- потомоци на Антигон едноокиот, а тие се:

23) Антигон I (301.г.п.н.е.); 24) Деметриј I полиоркет (307-283 г.п.н.е.); 25) Антигон II гонат (283-239); 26) Деметриј II (239-229); 27) Антигон II дозен (229-221 г.п.н.е.); 28) Филип V (221-179); 29) Персеј, син на Филип V (179-168 г.п.н.е.).

Кога Македонија се појавила на Балканот и во светот како голема политичка и воена сила, античките историчари и подоцна поети (Грци) се обиделе искривувајќи ја историјата на Македонците и Македонските кралеви да ја поврзат со Грција (со Пелопонез). Искривувајќи ги фактите и поврзувајќи слични имиња на градови, династијата на Аргејците, која има корен и врска со градот Арго Грестидски (областа Грестида го зела името од кралот Орест), градче на 12 км. од Костур, Грците се обиделе да ја прикажат како да потекнува од Аргос на Пелопонез. Апијан од Александрија (95 години п.н.е.) и неговата историја што ја напишал за Римјаните во 24 книги, се сосема несигурни. Тој во своите книги говори за создавањето на Рим од Адријан и за војните на Македонците со Илирците, во кои меѓу другото одредил точно дека Арго Орестидски е во западна Македонија од каде потекнува династијата на Аргејците.

Значи, Аргејците се потомци на Аргео, кој е најстарата личност од македонските кралеви. Тој е првиот домороден крал, но Херодот намерно го става втор, а Пердика прв, бидејќи Пердика, наводно, дошол од Пелопонез, за да им даде обоеност на македонските кралеви дека дошле од Пелопонез т.е. дека произлегуваат од таму, што не е вистина. Во доказите дека античките Македонци биле посебен ентитет, кои немале врска со античките Грци (Елини) е и шестогодишното владеење во Македонија на македонски кралеви и цареви, доказ дека Македонија самостојно се развивала како држава, издвоено од Грците и другите соседи.

Потпаѓање под Римско царство

Со Македонија од 168 година п.н.е. завладуваат Римјаните. На ден 22.06.168 г.п.н.е. се судриле македонските фаланги со римските легии во решавачката битка за која се подготвувале и двете страни. Македонската воена сила била многу намалена од самиот поход, било намалено населението од преселните Македонци во новоосвоените земји, била намалена воената сила на македонската војска од меѓусебните расправии и судири на наследниците на Александар по неговата смрт, исто така од зачестените бунтови што се појавувале во огромната држава во кои интервенирала македонската војска и секако губела од својата сила и бројност, иако успешно ги совладувала сите бунтови. Македонците очекувале напад од страна на Римјаните и 10 години се подготвувале за одбрана, но и покрај тоа биле поразени од побројната и посвежа армија на Емилиј Павле. Изгубената битка била страшна и уништувачка. Во таа битка кај Пидна паднале на бојното поле 20.000 Македонци, помеѓу нив и водачот генерал Антифил со многубројни свои земјаци, војници и офицери. Биле заробени 5.000 македонски војници, помеѓу нив и царот Персеј и понижувачки одведени во Рим. Тешко поднесувајќи го римското ропство, Македонците 18 години подоцна кренале востание против Римјаните под раководство на Андрик и потпомогнати од Тракијците успеале да ги протераат Римјаните (150 г.п.н.е.) и да ја ослободат Македонија.

Наредната 149 г. многубројната римска војска под команда на Јувентус се обидела повторно да ја покори Македонија, но и тогаш Римјаните биле поразени.

Во 148 г.п.н.е. Римјаните го замениле Јувентус со Метел кој, откако со дипломатија успеал да ги издвои сојузниците на Македонија (Тракијци и др.), го принудил Андрик на борба во која Македонците биле поразени и Македонија повторно била поробена од Римјаните. Но, античките Македонци и понатаму одвреме- навреме кревале востанија. Потоа опстојувале во првото Римско царство, во Источното римско, па потоа Византиското царство. Помешани со Славјаните, кои во меѓувреме се населиле на Балканот и во Македонија, тие постоеле.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi