Македонско-грчката граница од полноќ под блокада

popara27 јуни, 20111min00
0622c

Грчките гранични служби од полноќ ќе стапат во 48 часовен штрајк. Освен полицијата, според најавите, во штрајк ќе стапи и царинската служба на граничниот премин.

Во наредните два дена на граничниот премин Богородица – Евзони, од грчка страна воопшто нема да се пропуштаат автобуси и товарни возила, додека патнички моторни возила можно е да се пропуштаат на секои два часа.

Заради новонастанатата состојба, МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за насочување на сообраќајот на Граничните Премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“.

МВР апелира, сите граѓани и туристички агенции кои наредниве два дена планираат да патуваат за соседна Грција да имаат трпение и да го почитуваат режимот на сообраќај.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag