Македонското село Бабино прогласено за светски феномен

10 јули, 20110
selo_babino_1

Македонското село Бабино лоцирано во Демир Хисар е прогласено за светски феномен со најмогу книги и учители по жител.
“Во Бабино има 15 постојани жители. Тоа е село со најмногу учители по жител и со најмногу книги по жител на светот, бидејќи во просек за секој жител има по 1.330 книги што претставува светски феномен. Нашата библотека нуди едно поинакво читање на културата. Поседуваме фонд со околу 20.000 наслови“, посочи сопственикот на библиотеката “Алби“, Стево Степановски.
Денеска селото Бабино имаше своја промоција на која беше претставено како атрактивна туристичка дестинација.
Според Степановски, во селото Бабино годишно доаѓаат околу 25.000 посетители и затоа наскоро ќе почне адаптирање на куќите за престој и ноќевање бидејќи користењето на книгите и другиот фонд е интересен за голем број научници со нагласени културни потреби од државата и странство, посебно од Србија, Бугарија и Хрватска.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi