Сексуалниот живот влијае врз расположението на луѓето. Оние кои имаат незадоволителен секс се најчесто нервозни и исфрустрирани. Затоа еве ви неколку совети кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот сексуален живот од личен аспект, но и од аспект на партнерот:
Дознајте што ви недостасува: Запрашајте се што сакате и што ви треба – дали е тоа повеќе милување, повеќе оргазми, повеќе задоволства или само повеќе време со партнерот. Кога ќе откриете што точно сакате, можете конструктивно да разговарате со партнерот и да ги остварите своите желби.
Бидете отворени кон промени: Нека не ве чуди што некогаш вие ќе имате повеќе енергија и желба за секс, а понекогаш вашиот партнер. Сексот постојано се менува, а она што го сакате сега, можеби нема да ви се допаѓа за половина година. Сексот и желбите се менуваат како и се друго во животот.
Задоволувајте се самите: Понекогаш е добро да заиграте соло бидејќи оргазмите од мастурбирањето може да бидат многу позитивни. Вие самите најдобро знаете што ве возбудува и што ќе ве доведе во состојба на максимално задоволство.
Понекогаш е потребно повеќе труд: Можеби нема секогаш да се чувствувате како да сте на средина на прекрасен огномет или можеби целиот однос ќе ви биде прекраток, но и таа кратка поврзаност со партнерот, ќе ве потсети на љубовта и длабочината на вашата врска.
Бидете обѕирни:Разговарајте со партнерот за вашите желби. Бидете искрени и кажете дали сакате само обичен секс, дали преферирате повеќе орален секс, експериментирање со разни помагала, повеќе грубости, повеќе нежности или нешто друго. Во тој разговор мора да имате во предвид дека е многу важно на кој начин ќе ги кажете работите. Тоа значи дека мора да ги одберете внимателно зборовите за другата половина да не се чувствува посрамотено или под притисок дека мора да ве задоволи иако не го сака.
Испробајте нешто ново: Понекогаш единствениот начин до почест секс е да го „отворите прозорот“ и да ги исфрлите сите конвенционални ставови низ него. Бидете отворени да испробате нешто ново, бидејќи ожеби толку тоа ќе ви причини огромно задоволство. Сепак внимавајте со испробувањето на нови работи, особено за да не се повредите себеси и партнерот.