Пет најмоќни жени кои се на чело на државите!

25 октомври, 20110
merkel-clinton-300x176

Претседателката на Аргентина, Кристина Фернандез (58), повторно е избрана да ја води својата држава, откако на изборите ги освои мнозинството гласови. Благодарение на тоа што нејзината влада допринесе за голем и брз економски развој на земјата, таа успеа да го задржи претседателското место. Со тоа само уште еднаш се потврдува тенденцијата дека припадничките на понежниот пол се почесто влегуваат во политичките врвови и раководства.

Најмоќни жени во политиката

Кристина Фернанедез – претседател на Аргнетина. Прв пат беше избрана во 2007 година, и оваа година повторно народот и ја даде довербата. На таа позиција Фернандез е втора жена по Изабел Перон (1974).

Дилма Русеф (63), по потекло од Бугарија, се најде на светските вести во октомври кога дојде на чело на Бразил, како прва претседателка на најголемата латиноамериканска економија. Нејзиниот успех е особено интересен, ако се земе во предвид дека како млада била уапсена како герилец, и дека поминала две години во затвор.

Хилари Клинтон – државниот секретар на САД (64) можеби не успеа да стане претседателка, но затоа го доби втората најмоќна позиција во САД. Таа беше и единствената жена во Белата Куќа која го следеше нападот врз Осама Бин Ладен. Некогаш позната како изневерената сопруга на Бил Клинтон, денеска таа се смета за највлијателната политичарка во светот.

Ангела Меркел – веќе четри години по ред, според Форбс, германскиот канцелар Меркел (57) важи за најмоќната жена во светот и како неприкосновениот лидер на Европа и капетан на една од најсилните економии во светот. По потекло е од Источна Германија, а за себе вели дека кога нешто  и се допаѓа веднаш го купува, бидејќи растела во земја на постојана немаштија и одземање.

Хале Торинг Шмит – последната во низата лидерки се јавува оваа дама Х. Т. Шмит (44) која во септември беше избрана за прва претседателка на владата во Данска. Противниците постојано велат дека премногу сака скапи и брендирани облеки за една социјалдемократка, а заедно со нејзиниот сопруг тие биле под истрага за затајување данок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş