Малите и сиви суштевства, повторно фатени на снимка

27 октомври, 20110
iiiiiiiiiiiiii

На снимката се гледа „типичен вонземјанин”, со голема глава и црни очи, мало тело со изразен стомак. Малку подалеку од него се гледа и необичен сјај. Се смета дека тоа е некој облик на портал со кој вонземјаните можат без прекини и неприметно да се движат на Земјата.

Но, што правеле вонземјаните во шумата? Една од теориите е дека биле на научна мисија и проучувале облици на живот на Земјата, кои на тоа подрачје се многу различни и посебни.

Веќе некое време кружат гласини дека на тоа подрачје е спроведена и воената акција Операција Прато, чија цел било потврдување на присутството на вонземјаните во регионот.

Бразилската Влада наводно со години ја негирала акцијата, да на крајот сепак да признае дека таа се случила и на јавноста и овозможи пристап на документацијата. Секако, набрзо уследиле оптужувања дека јавноста останала без веројатно најважните документи.

Околу оваа снимка се дигнало многу прашина, а скептиците тврдат дека не станува збор за вонземјани, туку за тоа дека човечкиот мозок едноставно гледа тоа што сака да го види, слично како што гледа облаци во облик на животни.

Видеото погледнете го овде:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=8kPsofwdNaA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *