Веќе е познато дека сексот е добар за нашето здравје како и за состојбата на умот. За убава линија и затегнати мускули сексот е идеален, па така нема да мора да одите во теретана и да вежбате на досадните справи. Покрај “личниот” тренер во креветот ќе ви биде многу позабавно. Искористете ги тајните на сексот за подобро здравје, подобро расположение и бидете среќни во сопствената кожа.
Менувајте ги позициите при сексот, така ќе го стимилирате јакнењето на повеќе мускули.
Практикувајте сензуална масажа, така ќе ја стимулирате кожата на партнерот, ќе се подобри циркулацијата, а тоа ќе помогне да се прочисти телото од токсините.
Со оргазмот ќе се ослободите од главоболката, менструалните проблеми и лошото расположение.
Споделете ги сексуалните фантазии со партнерот, правете чести промени во начинот на водење љубов. Така ќе ја избегнете монотонијата и ќе му ги исполните желбите на партнерот.
За поинтезивен оргазам, правете вежби со мускулот кој е задолжен за уживање. Кога ќе ви текне направете неколку стегања и опуштања, додека седите, така никој нема да забележи, а ефектот ќе биде повеќе од очигледен и за вас и за партнерот.