Првото полувреме за Нојер, второто за Јунајтед

27 април, 20110
v

Шалке – Манчестер Јунајтед 0:2 (0:0)
Гигс 67′, Руни 69′

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го направија веројатно одлучувачкиот чекор кон пласман во финалето од Лигата на Шампионите, откако првиот полуфинален меч во Гелзенкирхен против Шалке го добија со 0:2.

Чуварот на мрежата на германската екипа, Мануел Нојер правеше чуда во првите 45 минути, бидејќи својата мрежа ја сочува дури седум пати, од кои барем три топки “веќе беа видени” во голот. Сепак, неговите соиграчи не покажаа речиси ништо во првите 45 минути, а ништо поагилни не беа  ни во продолжението.

Од друга страна Манчестер од средината на второто полувреме конечно почна да ги користи своите бројни можности, па прво Гигс по одличното додавање од Руни го доведе Јунајтед во водство, за само две минути подоцна Ернандез да го пронајде Руни за уште еден погодок.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi