Во САД е забележан првиот случај на смрт од каснување на “вампирски лилјак”, посебен вид на лилјак кој се храни со крвта на други животни, но и луѓето. Жртвата, деветнаесетгодишно момче беше каснато од лилјак во средината на Јули во градот Мичоакан, Мексико починало десетина дена по каснувањето. Тој се жалел на замор, болки во рамената, вкочанетост во левата рака и опуштање на левото око. Тестовите потврдија дека е заразен со беснило, болест која овие лилјаци, порано ја пренесувале на луѓето.
Во Лузијана државата во која почина момчето владее атмосфера од серијата “True Blood”, никој од лекарите не се посомневал дека се работи за “вампир лилјаци”, бидејќи тие во САД не пронаоѓаат надвор од зоолошките градини. Тие го тестирале момчето на голем број на болести вообичаени за Америка, но се до аутопсијата не била утврдена вистинската причина за смрт.
Младиот човек, се вели во извештајот од Центарот за контрола и превенција на болести, стана жртва на климатските промени. “Вампир лилјаците” живеат само во Латинска Америка, но зголемувањето на температурите ги присилуваат да мигрираат на север во Мексико, но постои и опасност да се населат и во јужните делови на САД.
“Лилјаците вампири” крвта ја пронаоѓаат со помош на молекули кои ги покриваат нервните завршетоци во носот. Откако ќе ја пронајдат жртвата, тие се способни да исцицаат крв до половина од сопствената тежина.