Мало, зелено изненадување во фрижидерот :)

popara22 септември, 20111min00
malo zeleno iznenaduvanje

Швеѓанката Sofie Isaksson од Оребро во пакувањето салата што си го купила од продавница нашла жива жаба. Пакувањето со салата го чувала скоро една недела пред да ја најде жабата.

„Отпрвин мислев е стаорец, па извикав и фрлив с# на подот. Ќерка ми дотрча и заедно ја проучувавме жабата. Таа беше беспомошна и со затворени очи, па затоа мислевме дека е мртва. Кога малку ја притиснавме, таа почна да се движи. “- изјавила Sofie.

Жабата успеала да ја избегне опасноста неколку пати кога Sofie вадела листови од салатата.

– Пакувањето беше навистина големо и јас вадев помали количини неколку пати, а потоа кесето го врзував со ластик. Сега ќерка ми сака да си ја задржи жабата – рече Sofie.

Портпаролот на компанијата која ја дистрибуира салата Sydgrönt рече дека штом животното било привлечено од зеленчукот, тоа значи дека е здрав.

– Таквите работи се случуваат, бидејќи целиот процес од собирање на зеленчукот до неговото пакување е машински – рече тој.

Sofie од компанијата доби подарок и извинување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma