Манчестер Јунајтед највреден клуб во светот

23 април, 20110
mancester-junajted-trofej-498

Според анализите на американиот магазин Форбс, највреден фудбалски клуб во светот е Манчестер Јунајтед, чија вредност се проценува на 1,86 милијарди долари. Втор на листата  е Реал Мадрид со вредност од 1,4 милијарди долари, а потоа следуваат Арсенал со 1,19 милијарди долари, Баерн Минхен со 1,04 и Барселона со 975 милиони долари. Првиот клуб на листата Манчестер има и најголем број приврзаници во светот. Се проценува дека како навивачи на клубот од Олд Трафорд се изјасниле 333 милиони луѓе, од кои дури 193 се од азискиот континент. Вредноста на овој клуб за разлика од минатата година се зголеми за дури 12 %, а целокупниот приход изнесувал 428 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *