Мароканката Руби во солзи: Силвио никогаш не ме допре

slobodan19 јануари, 20111min00
italy

Мароканката Руби или позната како проститутката на Берлускони, во едно ток шоу изјавила дека Берлускони никогаш не ја допрел и дека тој е навистина добар човек. Таа изјавила дека никогаш не работела како негова проститутка и дека тој никогаш и не ја допрел, ниту ја силувал. “За време на минатогодишната забава за Валентин во неговата вила, тој разговараше со мене како навистина да е заинтересиран. Му ја раскажав целата моја приказна, а на крајот на вечерта тој ме повика во неговата канцеларија и ми даде едно писмо кое го отворив во автомобилот и видов дека има 7000 евра“, изјавила Карима Кајек, како што побарала да ја викаат во емисијата.
Таа додала дека според неговиот гест, “тој би требало да е добар човек, а не човек кој ме силувал“, низ солзи изјавила Кајек. Берлускони во видео порака во средата ги нападнал обвинителите и изјавил дека користат мафијашки методи и дека тој од никој не треба да се срами. Обвинителите тврдат како Берлускони платил за секс со девојка која тогаш била малолетна, а Руби во своето интервју ги отфрлила тие наводи.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma