Маска за длабинско чистење на лицето од киви

31 декември, 20110
1

Знаете ли дека во едно киви има три пати повеќе витамин Ц отколку во лимонот. Затоа ова егзотично овошје е полезно не само за директна консумација туку и за грижа за кожата.

За маската за длабинско чистење на кожата ќе ви бидат потребни едно киви, една лажица кисело млеко, една лажица бадемево или друго природно масло наменето за грижа за кожа, една лажица сок од портокал, една лажица мед, една лажица ситно смелени бадеми и неколку капки цитрусово есенцијално масло. Најпрво се пасира кивата и потоа се додаваат останатите намирници една по една. Нанесете на лицето, вратот и деколтето и оставете да делува 20 мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi