Маскотата на МекДоналдс заминува во пензија?

popara28 март, 20111min00
ronald mcdonald

Познатата маскота на ланецот ресторани за брза храна МекДоналдс, кловнот Роналд најверојатно ќе се пензионира. Имено, компанијата сака да се преобрази и да создаде професионален имиџ на кафетерија, а Роналд кој на децата им подвалува наводно здрава храна некако веќе не се вклопува во целата приказна. Во последно време МекДоналдс остварува голем профит не толку од оброци, колку што од кафе, овошни шејкови, тортиљи со салата и пилешко. Сепак, подигнувањето на свеста за штетноста на брзата храна, и привлекувањето нови муштерии, ланецот ресторани ќе спроведе се за да го редефинира имиџот према потребите на муштериите. Станува збор за МекКафе, ланец кој ќе ги превземе муштериите од Старбакс, кој служи кафе, грицки и слатки, чија прехрамбена вредност го надминува стандардното мени на МекДоналдс. Кловнот во моментот работи како лоша реклама и всушност ги потсетува сите зошто огромен број луѓе го “замразиле“ најголемиот производител на брза храна во светот. Децата секако се важна целна група, но Роналд веќе со ништо не придонесува за компанијата. Во сегашната детска имагинација со трансформери, бентени, глупавиот насмеан кловн изгледа демоде и неприметлив за сите деца над 5 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma