Претседатели од гранит
Речиси 15 години траеа активностите околу најголемиот споменик во Америка, кој е врежан и издлабен и создадена е галерија на претседатели во Блек Хилс во Дакота. Изрезбани се главите на претседателите Washington, Jefferson, Roosevelt и Lincoln. Gutzon Borglum, познат сликар и вајар во САД, имал идеа да направи исто како и старите Египјани, кога на Нил изградиле четири храмови и статуи во самите планини. Зошто такво нешто да не се изгради и во САД? Бил избран 2.034 m високиот Маунт Рашмор чии што огормни карпи биле видливи од далеку.
Borglum, на почетокот ветил дека ќе направи само еден претседателски лик. Не можело, да се предвиди дали воопшто ќе можат да се подмират трошоците за наредните ликови, а од друга страна и изборот претставувал проблем.
Во 1927 година, биле поставени првите скелиња. Војска од работници започнале да работат на првиот лик – на ликот на првиот Претседател на САД George Washington (1732 – 1799 година). Borglum, само ја набљудувал работата и во текот на денот давал инструкции каде треба да се работи со поголемо внимание и на кои места треба подлабински да се продре во карпата, со цел да се обликува главата која што е речиси 20 m висока.
Како втора, на ред дошла главата на Thomas Jefferson, третиот Претседател на САД (1743 – 1826 година). Ликот на Jefferson бил готов во 1936 година. Дури половина милион тони гранит се наоѓало пред планината. Уште од тогаш, овој споменик привлекувал голем број на туристи. Само во текот на 1936 година, дошле преку 200.000 љубопитни туристи, па дури и тогашниот претседател се појавил на градилиштето.
Theodor Roosevelt (1858 – 1919 година), дваесет и шестиот Претседател на САД, бил третиот голем Американец, што е овековечен на врвот на Маунт Рашмор. На крај, бил направен и четвртиот лик – ликот на Претседателот Abraham Lincoln (1809 – 1865 година), шеснаесеттиот Претседател на САД. Gutzon Borglum, не го доживеал завршувањето на споменикот, починал во 1941 година, четиринаесет години откако започнале активностите, а неговиот син ги довршил.
Денес, во текот на една година, доаѓаат преку половина милион посетители во Блек Хилс, Дакота, со цел да се восхитуваат на овој споменик, еден од 15-те национални споменици во САД,