Мажите живеат пет години помалку од жените

popara15 јуни, 20111min00
mazzena

Една студија спроведена во Австралија покажала дека мажите во просек живеат пет години помалку од жените, а главна причина за тоа се поразителните резултати за грижата на нивното здравје.

Мажите живеат со поголем ризик и тенденција за развивање на болеста рак, повеќе пушат, користат повеќе лекови,  имаат проблеми со дебелината, а и поретко одат на лекар за разлика од жените.

Повеќе од 68% од мажите имаат проблем со прекумерната тежина, 48% од нив се борат со психички потешкотии, а само 5% од нив се трудат здраво да се хранат, наведува австралискиот медицински институт. Со сите овие проблеми, само 16 % од мажите одат на лекар, според резултатите од оваа студија.

Институтот објави дека лошите резултати се последица на неколку фактори. Мажите не одат на лекар пред се поради тоа што се срамат да разговараат за нивниот сексуален и емотивен живот. Таквото занемарување и негрижа кај мажите, потиснувањето на емоциите или болка, доведува до порана смртност за разлика од жените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag