Медведев го предлага Путин, Путин го предлага Медведев, Медведев го предлага Путин, и така натаму :)

popara25 септември, 20111min00
Medvedev-Putin-in-Brokeback-Mountain-38124

Рускиот претседател Дмитриј Медведев на конграсот на владејачката партија го предложил Владимир Путин за кандидат на престојните претседателски избори во март 2012 година.

“Мислам дека би било добро конгресот да ја подржи кандидатурата на Владимир Путин, за претседател на државата”, изјавил Медведев, кој го наследи Путин на местото шеф на државата во 2008 година.
Путин во 2008 година го предложил Медведев за претседател на државата, бидејќи тој не можел да се кандидира за трет мандат по ред.
Според реформите на рускиот Устав во 2008 година, должината на претседателски мандат од 2012 година ќе биде шест години, наместо четири. Теоретски гледано, Путин (58) би можел да се кандидира и во 2018 година, и на тој начин да остане на власт се од 2024 година, пишува Курир.рс
Путин претходно во Конгресот на партијата најавил дека Медведев ќе ја води листата на парламентарните избори во декември.
“Предлагам листа на Единствена Русија на изборите за Думата (Долниот дом на рускиот парламент) на 4 декември, да биде предводена од Медведев”, изјавил Путин на конгресот, на кој присуствувале околу 11.000 членови и симпатизери.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag