Меси го покори Мадрид

28 април, 20110
Untitled

Реал Мадрид – Барселона 0:2 (0:0)
Меси 77′, 87′

Четвртиот по ред дуел меѓу двата шпански и европски гиганти во краток временски период ги исполни очеувањата. Виден е нервозен, на моменти преостар, но вкупно гледано релативно слаб натпревар. Барселона забележа победа и се чини дека Реал во реваншот нема речиси никакви шанси да оствари резултат кој би го одвел во финалето.

И двата тима во првиот дел речиси не покажаа ништо, сепак Барселона најдобрите шанси да поведи ги имаше преку Виља и Чави, но првиот шутираше непосредно покрај голот, додека ударот на играчот за врска го одбрани Касиљас. На полувреме, на патот кон соблекувалната, дојде до подбутнување меѓу играчите на најголемите шпански ривали, па црвен картон заработи резервниот голман на Барселона, Пинто.

Може да се каже дека моментот на одлука се случи во 61. минута кога Пепе по остриот тарт над Дани Алвеш доби црвен картон. Можеби и судијата Волфганг Штарк престрого на Португалецот му го покажа патот кон соблекувалната што секако го изиритира Жозе Мурињо кој потоа исто така мораше да се пресели на трибина.

Барселона од тој момент воспостави доминација и бункерот пред голто на Реал го проби во 76. минута. Нововлезениот Афелај му победна на Марселона, центрираше од десната страна, а Меси на првата статива од петерецот го совлада Касиљас. Надобриот фудбалер на денешницата 10 минути подоцна ја запечати судбината на “кралскиот клуб” кога се прошета низ одбраната на Реал и по втор пат се запиша во листата на стрелците.

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi