Мет Дејмон сакал „претседател со муда“ место Обама

popara23 декември, 20111min00
Untitled-1

Познатиот холивудски актер Мет Дејмон повторно упати критики кон американскиот претседател Барак Обама.

Дејмон ги изрази своите фрустрации во интервју за магазинот „Еlle“. Тој вели дека разговарал со многу луѓе кои соработувале со Обама и кои повеќе не сакаат „ни фацата да му ја видат“ на сегашниот претседател.

Дејмон вели дека на САД и бил потребен „политичар со муда“ кој во еден мандат би успеал да ја „среди“ ситуацијата во државата.

Иако на почетокот Дејмон беше силен подржувач на Обама, тој уште минатата година ги изрази своите сомневања и своето незадоволство со претседателот. Но Обама само се изнасмеа на неговите кометари.

„Ги разочарав моите најголеми подржувачи – филмските ѕвезди“, изјавил Обама. „Пред некој ден Мет Дејмон, кој многу го сакам, рече дека е разочаран од мене“, иронично рекол Обама и му возвратил со коментар дека и на него не му се допаѓа последниот филм на Дејмон.

Така си е тоа, наместо да ја водат државата и да снимаат добри филмови, овие „фацки“ си се препуцаваат меѓу себе…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag