Метални зрна кои го ладат и греат кафето

popara7 мај, 20111min00
zjoulies

Сега повеќе нема да имаме проблем со топлината на нашите пијалоци. Американците упеаа да го решат и овој проблем. Многу често до сега, заради обврските не успеваме да го испиеме кафето или чајот додека се топли. Но, сега со новиот пронајдок овој проблем е надминат.

Станува збор за метални зрна кои се ставаат во чашата или шољата и се постигнува она што го сакате, ладен или топол пијалок. Саканата топлина на пијалокот, овие зрна може да ја одржуваат до шест часа. Тие се направени од специјален метал кој не ‘рѓосува, а нивната обвивка е од нетоксичен материјал, со што се безбедни за употреба.

“Coffee Joulies” го постигнуваат овој ефект така што кога ќе бидат ставени во течноста, посебниот метал од кои се направени почнува да омекнува кога ќе достигне температура од 60. При тоа металното зрно апсорбира голема енергија и пијалокот се лади. Тој ќе биде изладен за неколку пати побрзо отколку да го оставите сам да се лади. Кога ќе ја достигне оваа температува металот повторно се враќа во првобитната состојба и така повторно го стоплува пијалокот, при што ја одржува неговата топлина до шест часа.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma