Ракометарите на Металург ја освои двојната круна сезонава. Ваков е исходот по вечерашната победа од 22:20 во финалето на Купот одигран во Битола против Пелистер, кој долго водеше, даваше отпор, но на крајот сепак загуби од скопскиот тим.
Металург е првата екипа која трипати едноподруго го освоила Купот на Македонија, 22:20 во Битола во 19-то финале, во чиј финиш излегоа на виделина квалитетите на екипата од Автокоманда.
Триумф во Битола на Металурзи им донесе и влез во историјата – прв тим што трипати по ред го освојува Купот.
Пелистер одигра цврсто во одбраната, присебно во нападот, а накрилјата на одличната атмосфера во салата “Младост” во Битола на одмор замина со предност од 14:10.
Во вториот дел, Металург се обиде да ја искористи физичката истрошеност на ветераните на Пелистер, и тоа им успеа, пред се благодарение на поконсолидираната игра како во нападот така и во одбраната, со што на крајот на Металурзи им се оствари желбата – со двојна круна да ја завршат сезоната, во која повторно немаше посакувани резултати на европска сценаи.
Наумче Мојсовски беше најпрецизен во тимот на победнико со 9 погодоци, Ангелов имаше девет успешни интервенции. Петровски со пет погодоци беше најефикасен кај Пелистер, Тосковски мечот го заврши со 14 одбранети топки.
За Металург ова е четврт Куп трофеј, Пелистер остана не досега освоените пет титули.