Microsoft на евроспскиот пазар ќе лансира конкуренција на популарниот Google streetview, под името Streetside. Според соопштението на Microsoft, примарна задача во текот на развојот на проектот ќе им биде да не се повтори грешката со политиката на приватност, како што се случи со Google streetview. Во соработка со една од најголемите компании за дигитална картографија или дигитални мапи Navteq, Microsoft започнал со дигитално фотографирање на улиците низ Лондон, а во текот на наредниот месец ќе го започне истиот процес и во сите останати европски метрополи. Microsoft Streetside ќе покрие помалку содржини за разлика од Google, односно само најважните улици и туристички битни знаменитости. Сепак, Google Streetview добил голем број поплаки од незадоволни граѓани кои веруваат дека им било повредено правото на приватност. Исто така, Microsoft гарантира дека нема да ја направи грешката која му нанесе на Google голем скандал, а тоа е неовластено собирање на податоци од отклучените приватни WiFi мрежи. На крај останува прашањето која е всушност разликата и зошто Microsoft воопшто вложува пари во ширењето на Streetside во Европа? Разлика скоро и да нема, освен што Microsoft се обидува да го поттикне својот состав на мапирање на Бинг мапите, кој е подалеку од популарноста од оној на Google.