Иако ќерките на Миг Џегер се веќе полнолетни, сепак сеуште му задаваат проблеми на големиот музичар. Најпрво тој се шокираше од постапката на деветнаесет годишната ќерка Џорџија, која се соблече топлес за потребите на една реклама. Овој пат тој е шокиран од одлуката на најстарата ќерка, Лиз, 27, која прифатила да се слика гола за насловната страна на британскиот Плејбој.
Таа сакаше да го стори ова уште пред неколку години, но за среќа силата на законот беше на страната на Мик Џегер, па нејзиното неполнолетство не и овозможи да си ја исполни желбата. Но, сега таа има 27 години и одлуката ја носи сама. Во една прилика таа изјавила: Јас ова сакам да го направам оддамна. Сакам да се сликам гола и ќе го направм тоа сега, додека немам деца.