Микроскопски црви клуч за животот на Марс?!

1 декември, 20110
qw

Научници од Универзитетот во Нотингем веруваат дека микроскопските црви под името Caenorhabditis elegans (C. elegans), кои биолошки се многу слични на луѓето, може да ни ги откријат тајните на опстанок во вселената и со тоа да помогнат во аселувањето на други планети како на пример Марс.

Научниците во декември 2006 година испратиле 4000 вакви црви во вселената на спејс шатлот Дискавери и од тогаш го следат нивниот развој.

Научниците откриле дека црвите се развиваат исто како на Земјата. C. Elegans е првиот повеќеклеточен организам чија генетска структура е комплетно мапирана, а добар нивен дел од 20.000 гени ги имаат истите функции како и човечките гени.

Многу експерти, вклучувајќи го и познатиот астрофизичар Стивен Хокинг веруваат дека опстанокот на човештвото зависи од неговата способност да ги колонизира другите планети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi