Милион необични фаци се изжуркаа на улиците во Швајцарија

popara17 август, 20111min00
parada

Во текот на изминатава недела во Цирих се одржа дваесетта јубилејна, улична парада. Улиците беа пополнети од речиси милион луѓе низ целиот град, кои се изжуркаа максимално и тоа без никакви инциденти т.е. малограѓанштини. Големава собиранка започна во сабота утрото, додека забавата заврши дури во утринските неделни часови.

Реки од луѓе шетале низ градот, околу езерата, и на концерти на кој настапувале познати Ди џеи од светската електронска сцена како Карл Кокс, Пол Ван Дајк, Дес Ла Гранд итн. По полноќта, забавите се преселија во околните градски клубови. Мотото на парадата гласел: „дваесет години љубов, слобода, толеранција и почит“, а во склоп на таа фраза и целиот спектакл прошол во мир, како што потврдила и самата швајцарска полиција.

Парадата ја сочинувале секакви живоописни и маскирани ликови, кои нивните пораки ги пренесувале преку своите маички, а некои и преку своите тетоважи. Забележани биле и деца на парадата, додека една трудница пак за време на забавата гордо го покажала својот гол и огромен стомак. Страсните бакнежи на геј паровите беа третирани како сосема нормална појава, како и нагласената сексуалност. Но, како и да е, во Цирих никој нема ништо против хомосексуалноста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma