Сакате плус 3 години живот? Ова е вашата шанса :)

17 август, 20110
trening(1)

Малку вежбање може да направи чуда за вашето тело. Само 15 минути на ден го намалуваат ризикот од рак и го продолжуваат животот за три години.

Тајванските научници скоро 12 години ги проучувале податоците од околу 400 000 луѓе. Пациентите секоја недела се јавувале и кажувале по колку време вежбале на ден, а научниците ги распределувале во групи: неактивни, оние кои малку вежбаат, оние кои средно вежбаат и оние кои вежбаат интензивно.

Кај луѓето од групата што малку вежбаат, односно по 15 минути на ден, ризикот да заболат од рак се намалил за 10 проценти. Освен тоа, во просек, животот им се продолжил за три години во споредба со пациентите од групата неактивни.

„Во последниве 15 години, вежбањето по 30-тина минути, пет пати неделно, се смета за златно правило, но сега откивме дека и пола од тоа време може да биде доста корисно. На луѓето им е полесно да одвојат 15 отколку 30 минути на ден“, кажува др. Чи-Панг Вен, предводник на истражувачкиот тим. Докторот се надева дека ова откритие ќе ги поттикне неактивните луѓе да вежбаат барем по 15 минути дневно.

Сепак, оние кои вежбаат подолго не треба да го намалуваат времето поминато во вежбање. Имено, секои дополнителни 15 минути вежбање на ден го смалуваат ризикот да се умре од рак за еден процент.

„ Најтешко е да се натераат неактивните да почнат со вежбање. Да го превземат тој прв чекор. Се недеваме дека оваа порака ќе направи голема промена кај неактивните…, а за жал тоа се поголемиот дел од луѓето во светот“, вели др. Вен.

Интензитетот на вежбањето треба да биде со забрзан здив, но, сепак, да бидете способни да разговарате; слично на брзо одење, лесно трчање, возење на велосипед или пак, танцување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi