Милошоски – Ки Мун: Продолжување на политичкиот дијалог Македонија – Грција

29 април, 20110
hotel

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски на средбата со Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во Њујорк, уште еднаш ја подвлече подготвеноста на македонската страна за продолжување на политичкиот дијалог  во македонско-грчкиот спор како и полната поддршка што македонската страна ја дава на овој процес со посредништво на ОН.
На средбата со Ки Мун која беше остварена доцна синоќа по локално време, се разговарало и за македонско-грчкиот дијалог кој се води за надминување на разликите околу името.
Исто така станало збор и за кандидатурата на  Македонија во Советот за човекови права во ОН како и богатото досие на почитувањето на малцинските и човекови права што Македонија го има постигнато во изминатите 20 години.
Милошоски- Ки мун разменија мислења и за тековната меѓународна дебата поврзана со реформите на Советот за безбедност на ОН каде што Македонија се залага истите да се одвиваат во насока на поголема транспарентност на работата на Советот за безбедност како и за поефикасни механизми за зголемено учество на помалите држави во процесот на ОН.
На крајот, министерот Милошоски даде една куса презентација на меѓународната правна димензија на македонско-грчкиот случај кој што се води пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit