Миранда Кер ќе одвраќа самоубијци! Храбро…

popara30 август, 20111min00
miranda2

Познатата австралиска манекенка, Миранда Кер ја користи моќта на светска ѕвезда за да прави добри дела.

Во 2009 година, братучедот на Кер се самоубил и ја оставил целата фамилија со скршени срца и разочарани. Последователно на тоа, 28-годишната манекенка започна телевизиска кампања во Австралија со цел да ги спречи оние со намера да се самоубијат.

Името на кампањата во која учествуваат Миранда, брат ѝ и нивните родители е „Too Many, Too Soon Kids Helpline“, а целта е да се спречат што повеќе самоубиства, особено меѓу младите, и да им се помогне на тие што имаат потреба од некој да ги ислуша и да им даде добронамерен совет.

Миранда изјави:

–          Тагата да се изгуби некој близок, особено во вакви околности е нешто со што живеам секој ден и постојано се прашувам дали сето тоа можеше да се сопре на некој начин.

Луѓето не се свесни дека постојат голем број на ценрти кои им се достапни на децата и затоа застанав зад оваа кампања. Ако допрам барем до едно дете и му покажам дека има некој кој сака да го ислуша, тоа може да спаси живот. Верувам дека ако мојот братучед знаеше за оваа СОС линија, тоа можеби ќе го одвратеше од самоубиството.“

Браво за иницијативата, Миранда!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma