Американската прва дама Мишел Обама ќе се појави во телевизиската серија за деца под наслов “iCarly“, која инаку е омилено шоу на нејзините две ќерки, а со цел да ги промовира иницијативте за помош на воените семејства.
iCarly е избрана бидејчи таа нејзина главна хероина, Carly Shay, која инаку ја глуми Miranda Cosgrove, ќерка на американски полковник во воздухопловните сили. Првата дама ќе добие улога во епизодата кога таткото на Carly нема да може да дојде на пролсвата на нејзиниот роденден. Епизодата ќе се снима наредната недела, а ќе се емитува на почетокот на 2012 година.
Мишел Обама и сопругата на американскиот потпретседател Џил Биден неодамна покренаа иницијатива наречена Joining Forces, за да го потикнат народот да помогне на војниците и нивните семејства.