Мишел Обама: Војната е реалност

21 јуни, 20110
2008+Democratic+National+Convention+Day+1+1g1rHYncowSl
Првата дата на Соединетите Американски Држави Мишел Обама станала носител на акцијата за ширење на воените приказни во американските медиуми. Војната е наводно реалност која како навика не може да исчезне од видикот на американските граѓани, пишува “Дојче веле“, пренесува НетПрес.
Така би гласела широката порака која би требало да се види во играните филмови, телевизиски серии, новини и на други медиуми, човечките приказни во врска со американските војници и нивните семејства е најдобар начин да не се изгуби домашната поддршка на воените акции на САД во странство.
Мишел Обама би сакала да види повеќе приказни за војниците и нивните семејства на телевизија и во филмовите, и потсетила како може Холивуд да поработи на таа идеја. За таа цел првата дама се состанала со претставници од здружението на писатели, продуценти, режисери и актери.
Сето тоа се случува во рамки на иницијативата “Здружени сили“ чија цел е да се “мобилизираат сите сектори во земјата за да може војниците и нивните семејства да ја добијат поддршката која ја заслужуваат“. Иницијативата на Мишел Обама била основана заедно со “втората дама“, сопругата на потпретседателот Џо Бајден.
Во повеќечасовна програма, Мишел Обама имала медиумска дискусија  со војниците и сопругата на еден офицер, а водител на манифестацијата бил популарниот холивудски режисер Џеј Амбрамс, познат по филмовите “Невозможна мисија 3“, “Ѕвездени патеки“ и “Супер 8“.
Обама на холивудските сценаристи им сугерирала да се посетат воените болници и семејствата на војниците да за може приказните за војничките судбини може да се чујат од прва рака.
За да покаже како треба да функционира, Мишел Обама и самата решила да глуми и тоа во популарната серија за млади “АјКарли“, во епизода во која ќерка се труди да воспостави интернет контакт со својот татко кој бил припадник на интервенционите сили во странство.
“Да го направиме тоа“, повикувала со воодушевување Првата дама, подготвена да почне да глуми, иако нема да и’ биде воопшто тешко бидејќи ќе се глуми самата себе. Акцијата “Здружени сили“ сака да го фокусира вниманието на јавноста кон семејството на војниците.
“Имаме многу обврски во оваа земја. Но, само една е навистина вистинска обврска. А тоа е да ги подготвиме оние кои ги испраќаме во војна што им е потребно, и да се грижиме за оние кои се враќаат од воените жаришта и нивните семејства со се’ она што им е потребно“, додала сопругата на американскиот претседател.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *