Мистериозна метална топка паднала од вселената во Намибија?!

popara22 декември, 20111min00
CORRECTION-NAMIBIA-SPACE-OBJECT-OFFBEAT

Шест килограми тешка метална топка со дијаметар од 35 сантиметри, од непознато потекло, беше пронајдена во близина на едно село во северниот дел на Намибија, околу 750 километри од главниот град Виндхука.

Како што објави  Пол Лудик, раководител на Одделот за судска медицина,била пронајдена од страна на селаните и полицијата од блиската станица кои најпрво слушнале неколку слаби експлозии на оддалеченост од околу две милји, а пет дена подоцна го најдоа топчестиот метален објект.

Според него, топката е шуплива и се состои од две поврзани половини. Таа беше откриена 18 метри од точката во која најпрво удри, длабочината  на кратерот изнесувала 33 сантиметри, а ширината околу четири метри.

Топката беше анализира во детали во последните неколку недели .Надлежните органи не успеаа да го објаснат нејзиното потекло, затоа сега ќе бидат вклучени во истрагата и  Американската вселенска агенција НАСА и Европската вселенска агенција ЕСА.

“Постои можност дека оваа тркалезна топка  која падна во Намибија, да потекнува од некое вселенско летало, изјави Лудик”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag