Make up митови

popara26 септември, 20111min00
glamour

Најголемите зблуди околу шминкањето…

Секојдневното шминкање ја уништува кожата, водоотпорната маскара ги уништува трепките,крем руменило е подобро од вообичаените руменила… Колку пати се ги слушнале овие совети од “постарите” или поускусните?

Се разбира, вие не треба да верувате на се што ќе слушнете! Во продолжение ќе ви ги разјасниме најголемите заблуди во врска со шминката, па проверете колку всушност вие  знаете за шминката.

Секојдневната шминка не е добра за кожата

Напротив – шминката ја штити вашата кожа од штетните сончеви зраци, ветерот и прашината. Поголемиот дел од денешните препарати во козметиката содржат хидратантни и хранливи состојки кои и обезбедуваат заштита и влага на кожата во текот на целиот ден. Всушност, поголемиот денжл на течни пудри и пудри во прав , па дури и сјајот за усни содржат заштитни фактори, од 15 па нагоре, поради тоа, нема причина зашто да не се нашминкате, доколку сакате.

Црниот  туш визуелно ги зголемува очите

Спротивно од верувањето дека тушот може да ги направи очите помали, а не поголеми. Доколку сакате визуелно да ги зголемите очите, користете светли нијанси на туш – кафен, сив или виолетов, Пред да ја нанесете маскарата, со бело моливче повлечете тенка линија во внатрешноста на окото. Овој мал трик придонесува за создавање на илузија на “широко отворени” очи.

Ако не сте нашминкани, пред спиење е доволно само да го измиете лицето со вода.

Во текот на денот, а и ноќта, вашата кожа излачува масти, киселина и сол. Кога сте надвор на отворено, кожата доаѓа во контакт со прашина, која ако лицето не го исчистите на соодветен начин , може да предизвика проширување на порите и акни. Поради тоа, експертите препорачуваат чистење на лицето, намалку два пати дневно и тоа со балго млеко и тоник соодветни на вашиот тип на кожа.

Водоотпорната маскара ги оштетува трепките

Повеќето водоотпорни маскари содржи повеќе витамини и протеини од останатите видови на маскари. Тие исто така содржат силиконско масло кое на трепките им создава еден вид на заштита и дополнително ги негува. Вистина е дека водоотпорната маскара може да биде малце покомплицирана за отстранување, но со соодветно млеко за вадење на шминка, тоа не треба да претставува значителен проблем.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag